Црна Гора потопена под вода! Луѓето останаа без домови, вода пробива на сите страни! Ветрот руши стебла, се е уништено (видео/фото)

Дождот кој од ноќеска паѓа предизвикал излевање на каналите.

Обилните врнежи кои од вчера паѓаат ширум Црна Гора, предизвикале проблеми и незгоди за многу мештани во многу населби и градови.

 

Дождот кој од нокеска паѓа во Херцег Нови, предизвикал излевање на каналите и одводите на сообраќајниците и јавните површини, а водата продрела во повеќе објекти.

 

 

Од ноќеска паднале 86 литри на метар квадратен.

Во Суторини море водата продрела во старо училиште, маркети во Игало, во простории во зградата на Општината...
Рушени стебла на магистралниот пат кај Детски дом Младост, влата "Мирели", како и стебла рушени во Баошиќи. Мали одрони на пат кон Мојдеж. Во некои места на брегот нема струја.

 

Невремето во Котор се зголемува од час во час. Поплава по градот е на секој чекор.

Во Доброта долниот дел од патот е под вода.

На терен се Службите за заштита и спасување, Комунално стамбено претпријатие и хигиена кои помагаат во санирање на последиците од поплавите.

  

 

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари