Ципрас: Задржувањето на двајцата грчки војници во Турција е отворена рана за НАТО

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас го опиша притворањето на двајцата грчки војници во Турција како отворена рана за алијансата, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.

„За целата организација отворена рана е фактот дека двајца војници од земја-членка на НАТО беа приведени од друга членка на НАТО, бидејќи по грешка навлегле неколку метри на нејзина територија“, рече Ципрас за време на самитот во Брисел.

Тој ја повика Турција да помогне во задравувањето на раната, со тоа што ќе ги врати војниците дома.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари