Ципрас верува дека ќе се договорат со Каменос

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас изрази надеж дека лидерот на „Независни Грци“, Панос Каменос и коалиционен партнер, нема намера да ја собори грчката влада.

Ципрас истакна дека не е прв пат да не се согласуваат со коалициониот партнер и рече дека сѐ ќе  биде познато по нивната средба закажана за утре.

Во однос на процесот на ратификацијата на договорот од Преспа, Ципрас вели дека процесот ќе започне веднаш откако во македонското Собрание ќе се изгласаат уставните измени за што, според Ципрас, нема да биде потребно подолго од една недела.

Во врска со протоколот за членство на Македонија во НАТО, Ципрас рече дека тоа ќе зависи од процесот во самата Алијанса.

Пратеник од „Независни Грци“ денеска најави дека партијата ќе ја напушти коалицијата со Ципрас и ќе гласаат против владата ако има гласање на доверба во парламентот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари