Ципрас ги осуди потезите на Косово

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас во Белград ги опиша како неприфатливи косовската такса од 100 проценти за производите од Србија и Босна и Херцеговина и обидот за создавање на косовска војска. Ципрас активностите од страна на Косово ги оцени како потези кои предизвикуваат дестабилизација на регионот.

„Ги осудувам потезите на Косово и ги поддржувам напорите на Белград да постигне решение“, изјави Ципрас по разговорот со српскиот претседател, Александар Вучиќ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари