Бугарската опозиција повторно ја става на тест довербата во Борисов

Главната опозициска, Социјалистичка партија во Бугарија поднесе барање за гласање на доверба на владата на премиерот Бојко Борисов.

Како причина, наведе „Ројтерс“, социјалистите изнесуваат дека владата не успеала да го реформира здравствениот сектор, кој е оптоварен со голем број проблеми.

Агенцијата додава дека ова е трето барање на социјалистите за гласање на доверба на владата, а дека е голема веројатноста и овој пат да не успеат во намерата да биде изгласана недоверба.

Социјалитите имаат 79 од 240 места во бугарскиот парламент и засега немаат поддршка од ниту една друга партија за ова барање.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари