Брнабиќ му испрати две писма на Рама: „Преиспитајте ја поддршката кон Косово“

Српската премиерка, Ана Брнабиќ недоамна му испратила две писма на нејзиниот албански колега, Еди Рама во кои изразила загриженост поради состојбата во регионот, обвинувајќи го Косово за тоа што настаните се одвиваат на лоша насока, пишува приштинскиот весник „Коха диторе“.

Брнабиќ во писмата бара од Рама да ја преиспита поддршката кон Косово, кое прогласи независност во 2008 година.

Во преписката што ја поседува „Коха“, Рама изразува изненадување на барањата на српската премиерка и потсетува на патењето кое Србија го предизвикала на Косово во минатиот век, како и на сегашните препреки во напорите Косово да се приклучи кон меѓународните организации.

„Како што велите во двете писма, мојата земја изразува најголема доверба кон Косово и неговите институции. Природните врски на нашите народи не произлегуваат само од нашите посебни врски со Косово, туку и поради ангажманот на меѓународната заедница и самото Косово во зајакнување на државноста и изградба на демократска и мултиетничка земја“, се вели во одговорот на Рама.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари