Британија негира – ЕУФОР потврди: Британски војнци пристигнуваат во БиХ

ЕУФОР го потврди доаѓањето на британски војници во БиХ во рамките како што се наведува, вообичаена и редовна постапка, а станува збор за една мала извидничка единица која во целот ќе биде во ланецот на командата на ЕУФОР како би им давала подршка за извршување на мисија за осигурување сигурност и стабилно опкружување во БиХ.

ЕУФОР за ова се огласи после информациите дека Велика Британија испраќа дополнителен број, од 40 војници во БиХ кои ќе се придружат во мисија на ЕУ и НАТО:

- Во склад со својот мандат спрема Поглавјето 7 Повелба на ОН, ЕУФОР блиско соработува со властите во БиХ и органите за спроведување на закон со цел одржување сигурно и стабилно опкружување на БиХ, создавајќи подобра атмосвета на мир и стабилност. Како и секогаш и досега, структурата и капацитетот на ЕУФОР се менува како на најдобр начин даде подршка на властите во БиХ, а силите секогаш ќе се прилагодуваат како би биле во состојба да го завршат својт мандат – се наведува во соопштението.

Одлука за упатување војници во БиХ е донесена на редовна шестомесечна Конференција за ангажирање сили на Обидинетото Кралсвто, заедно со другите земји учеснички во мисијата.

Инаку, Британскиот Тајмс пренел дека војниците се праќаат да се спречи мешањето на Русија за време на престојните избори, кои во БиХ ќе се одржат во октомври о.г.

Поврзани

Најнови вести

Коментари