Бар, Улцињ и Сутоморе повеќе од дваесет часа се без струја

Жителите на Бар, Сутоморе и Улцињ и ова утро се без електрична енергија. Тие, како што пренесуваат тамошните медиуми скоро дваесет часа се без електрична енергија. Прекинот на струја бил предизивикан од силните ветришта кои ја зафатиле земјата, и предизвикале дефект на далековод.

Надлежните соопштиле дека проблемот со електричната енергија во овие населени места би требало да се реши во текот на денот.

Снежните врнежи создадоа проблеми на поголемиот дел од патиштата во Црна Гора.

Сообраќајот од Подгорица до Сутоморе беше отворен само за патнички возила, додека патот Подгорица-Бар преку Паштровачка Гора беше затворен за сите категории возила.

Денеска според црногорските синптичари се очекува стабилизација на времето.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари