Апсење во Албанија, пресечен синџир на шверц со дрога

Албанската полиција соопштила дека уапсила 18 лица и разбила меѓународен синџир на трговија со дрога, кои криумчареле марихуана, хероин и кокаин во земјите на Европската унија.

Во соопштението на албанската полиција се наведува дека се уапсени 13 Албанци, а уште петмина други се однесени во затворите во Турција и Македонија.

Според информациите, групата се сомничи за криумчарење на седум тони марихуана, која полицијата ја запленила во Грција, Македонија, Италија и Турција во изминатите две години.

Се сомничи и дека тој синџир на трговци со дрога вмешан во криумчарење на хероин од Турција и кокаин од Латинска Америка.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари