Албанската полиција на стадионот во Тирана отстранува знаме на УЧК (ВИДЕО)

8.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Албанската полиција на стадионот во Тирана отстранува знаме на УЧК (ВИДЕО)

Според албанските медиуми на стадионот имало многу малку навиовачи од Албанија, а најголемиот број дошле од соседството, со себе носејќи знамиња на УЧК, Голема Албанија и постери на Адем јашари, лидерот на УЧК .

Во текот на денот во центарот на Тирана беше развиорено албанско знаме , на кое беа испишани „албански“ градови како Дебар во Македонија, но и Прешево и Бујановац во Србија, како и градови во Црна Гора. Полицијата не реагираше, а се огласи само српската амбасада во Тирана, откако навивачите го запалија српското знаме. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата