Акција на грчката полиција за разбивање на турската мафија во Атина и Солун

11.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Акција на грчката полиција за разбивање на турската мафија во Атина и Солун

Од полицијата информираа дека акцијата на Секторот за справување со организиран криминал што започнала утрово е за разбивање на криминални групи на турски државјани во Грција.

Последниот случај на расчистување сметки меѓу членови на турската мафија беше во понеделникот кога во атинска населба околу 10 часот наутро беа убиени две лица, Турци со курдско потекло, а едно беше повредено, додека уапсени беа две лица.

Според грчките медиуми во изминатите речиси 15 месеци, од септември 2023 година во рамките на расчистувањето сметки меѓу ривалските групи на турската мафија, во Грција биле убиени десетмина Турци.

Турската мафија, според истите информации, главно е вклучена во случаи на трговија со дрога, оружје и нелегални имигранти. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата