Аеродромот во Подгорица повторно отворен

Аеродромот во Подгорица, кој рано утринава беше затворен поради обилни снежни врнежи повторно е отворен за сообраќај.

Како што соопшти портпаролаката на аеродромот, Милица Бабиќ, авион на компанијата „Монтенегро ерлајнс“ во 19 часот и 45 минути полетал за Белград, по што се очекува и друг лет до главниот град на Србија, од компанијата „Ер Србија“.

Аеродромот во Подгорица денеска беше затворен за сообраќај поради силни врнежи од снег.

Во Подгорица до седум часот утринава е формирана снежна покривка од седум сантиметри. Пред целосно да биде затворен, од аеродромот биле откажани неколку летови.

Градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ рече дека ситуацијата во главниот град, каде од синоќа паѓа снег е под контрола.

„Ние и понатаму остануваме подготвени, бидејќи беа најавени минусни температури во следните 24 часа, така што сега е важно да се отстранат остатоците од снегот од патиштата и тротоарите за да се спречи формирањето на мраз. Како и да е, работите во главниот град функционираат апсолутно нормално”, рече тој по посетата на градот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари