Многумина чекаа на ова - Фејсбук воведува нова опција !

Откако беше откриено дека Facebook му овозможил бришење на невидените пораки на изршниот директор на компанијата, Марк Закерберг, преку Messenger, социјалната мрежа отсега тоа ќе им го овозможи на сите корисници на Messenger.

Според информации на порталот TechCrunch, во текот на наредните неколку месеци ќе биде овозможена функцијата „unsend", иако не се познати детали како ќе функционира новата функција.

Портпаролот на Facebook потврди дека на корисниците ќе им биде овозможено бришење на пораките по истиот принцип како што е случај кај Закерберг. „Иницијативата може да потрае некое време. Додека функцијата не биде готова, раководителите на компанијата веќе нема да имаат можност да бришат испратени пораки. Требаше ова да го направиме порано и жал ни е што не го сторивме тоа" изјави портпаролот на Facebook.

Досега корисниците на Facebook јанемаа опцијата да пришат пораки кои веќе стигнале во дојдовното зандаче на други луѓе, но Марк Закерберг и неговите соработници веќе неколку години ја користат таа опција.

Најнови вести

Коментари