ВИДЕО: Велика Британија, Франција и САД ја нападнаа Сирија

Рано утрово САД, Велика Британија и Франција бомбардираа повеќе владини цели во Сирија, Нападите се насочени на локации каде наводно се произведува хемиско оружје. САД се подготвени овие напади да ги продолжат сѐ додека сирискиот режим не престане да користи хемиски отрови, рече во своето обраќање пред нацијата Доналд Трамп, претседателот на САД. Засега нема никаква воена реакција од Русија.

Нападите се одговор на сомневањата за хемиски напад во сирискиот град Дума минатата недела.

Експлозии го погодија главниот град Дамаск, како и две локации во близина на градот Хомс, соопшти Пентагон.

Рускиот амбасадор во САД одговори дека нападот врз нејзиниот сојузник „нема да остане без последици".

„Комбинирана операција со вооружените сили на Франција и Обединетото Кралство е во тек", изјави претседателот Трамп во обраќањето до нацијата од Белата куќа околу 21 часот по локално време.

Ова е досега најголемиот напад врз владата на претседателот Башар ал Асад од страна на западните сили за седум години од граѓанската војна во Сирија, јави Би-би-си.

Трамп рече дека САД се подготвени да го „држат" притисокот врз Асад сѐ додека не запре криминалната пракса на убивање свој народ со меѓународно забрането хемиско оружје.

Сириската телевизија јави дека воздушните одбранбени сили на земјата возвратиле на нападот.

Трамп рече дека најголемите меѓународни подджувачи на режимот на Башар Ал Асад, Иран и Русија, не успеале да го запрат Дамаск да користи хемиско оружје. „Русија дека не го одржала ветувањето од 2013-та, за отстранување на сириското хемиско оружје. Неодамнешниот напад на Башар ал Асад со хемиско оуружје и денешниот одговор – се резултат на неисполнувањето на ветувањето од Русија", изјави претседателот на САД.

Поврзани

Најнови вести

Коментари