Трамп бесен на ЕУ: Протеравте малку дипломати!

“Договор“ според  кој САД треба да протераат "онолку дипломати колку и европските сојузници".

Американкиот претседател Доналд Трамп многу се налутил кога разбрал дека Франција и Германија протерале само четири руски дипломати, со оглед на тоа дека САД протерале 60, пишува Вашингтон пост.

Како што пишуваат медиумите, помошниците на американскиот лидер уште на 24 март му го претставиле акциониот план според  кој САД треба да протераат "онолку дипломати колку и европските сојузници".

Весникот објаснува дека соработниците на Трамп мислеле вкупен број дипломати, но Трамп сфатил дека се работи за секоја земја на ЕУ поединечно и се налутил. Според зборовите на еден висок дипломат, претседателот почнал да им вика на помошниците  дека не го "интересира вкупниот број, бидејќи излегува дека неговата администрација е најостра кон Русија“.

Повеќе од 20 земји протерале преку 150 руски дипломати во солидарност со Велика Британија, која ја обвини Москва за труење на двојниот шпион Сергеј Скрипал, иако Русија го негира тоа.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари