САТЕЛИТСКИ СНИМКИ: По ракетите на Трамп остана само пепел

САД, Британија и Франција изведоа во петоткот воздушни удари на Сирија, а објавени се и сателитски фотографии кои покажуваат каква штета направија ударите.

На сликите јасно се гледаат згради во Сирија кои по нападот се срамнети со земја.

Точно 76 проектили се испалени врз истражувачкиот центар Барзах во северен Дамаск, а вкупно за две минути се испукани 105 проектили.

Официјалните лица од Пентагон изјавија на брифингот во саботата дека воздушните удари биле „прецизни, масивни и ефикасни"

Поврзани

Најнови вести

Коментари