Пеколен петок 13-ти: Вака Трамп го најави бомбарирањето на Сирија, по што голем број ракети паднаа на разорената земја

Трамп рече дека нападите се во соработка со Велика Британија и Франција.како „снажно срество за одвраќање од прозивоство,ширење и употреба на хемиско оружје“.

Откако Доналд Трамп синоќа и се обрати на нацијата околу 21 часот по локално време (САД и Канада) се појавија извештаи за воздушниот напад на Сирија. Пентагон подоцна потври дека се погодени три локации ве во Дамаск и една во Хомс. Светските медиуми пишуваат за бомбардирањето кое го спроведоа американските, француските и британските сили, но и за фактот дека тоа се случи на петок 13-ти. 

Се верува дека сите објекти се поврзани со складирање или тестирање на хемиско оружје. Сириската противвоздушна одбрана одговори на нападот, но силите на САД тврдат дека нема жртви на нивна страна. 

„Им наредев на вооружените сили да почнат напад на метите поврзани со арсенослот со хемиското оружје на сирискиот диктатот Башар ал Асад“, рече Трамп во обраќањето до нацијата синоќа по американско време. 

Трамп ги критикуваше и Русија и Иран за подршка на сирискиот режим. 

Цел свет ги следи случувањата и понатаможните чекори на САД, Британија и Франција. И понатаму се стравува од можна ескалација на судирите, бидејќи Иран му порача на САД дека ќе плати за овој напад, а Русија порача дека овој напад нема да помине без последици. 

Аналитичарите кои зборуваа за Си Ен Ен се убедени дека ова е еднократен напад без ефекти. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари