Нема жртви при нападите врз Сирија!

Нема цивилни, ниту воени жртви во нападите што САД, Велика Британија и Франција ги извршија рано изутринава во Сирија врз цели на силите лојални на претседателот Башар ал-Асад.

Според прелиминарните информации на руските сили, меѓу цивилите и меѓу сириската армија нема жртви, нагласи началникот на Оперативната управа на Генералштабот на руската Армија, генерал Сергеј Рудској.

На прес-конференција тој изјави дека од вкупно 103 крастосувачки ракети испукани кон Сирија, 71 биле пресретнати од сириската противвоздушна одбрана опремена со системи од советско време.

– Тоа сведочи за големата ефикасност на тие системи за противвоздушна одбрана и одличната обука на сириската армија од страна на наши експерти, изјави генерал Рудској.

Сириската армија располага со системи С-125, С-200, Бук, Квадрат и Оса.

– Москва разгледува можност за испорака на модерни С-300 противракртни системи за Сирија и други држави, дададе Рудској.

Аеродромите на сириските сили немаат значителна штета во нападите, но „постројки што се доведуваат во врска со т.н. хемиска програма на Дамаск се делумно уништени".

– Згради во тие постројки долго не се користени и таму нема ниту персонал, ниту опрема, додаде Рудској.

Русија претходно соопшти дека не ги користела своите системи за противвоздушна одбрана во Сирија за спротиставување на нападите од западни држави врз цели во Сирија.

Сириската армија утрово соопшти дека еден проектил погодил научен истражувачки центар во Барзех, во близина на Дамаск, а дека во Хомс се повредени три лица.

САД Велика Британија и Франција извршија воздушни напади врз цели во Сирија, како одговор на минатонеделниот напад на сирискиот режим наводно со хемиско оружје во Дума.

Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека било исправно и легално да даде наредба за напади со крстосувачки ракети врз Сирија по нападот во Дума.

Кина објави дека се противи на употреба на сила по ударите на САД, Британија и Франција, и побара враќање во рамки на меѓународното право.

Глобалната органзиација за спречување користење хемиско оружје соошти дека ја продолжува мисијата во Сирија со која врши анализи за наводниот хемиски напад во градот Дума.

Американскиот министер за одбрана Џим Матис и американскиот генерал Џозеф Данфорд објавија денеска дека нападите се извршени врз три постројки и оти се работи за „еднократен наапд".

Погодени се истражувачки центар захемиско оружје во близина на Дамаск, скалдиште за хемиско оружје во близина на Хомс и скалдиште за хемиско оружје, како армиско командно место во близина на Хомс.

Нападот беше извршен во три часот по средноевропско време со ракети од бродови и авиони.

– Одредивме цели за да се намалат ризиците за руските сили, изјави Данфорд додавајќи дека американската армија ја известила Русија за користење на воздушниот простор над Сирија.

САД соопштија дека имаат докази оти сириските власти се одговорни за хемискиот напад во Дума.

– Уверени сме дека бил користен хлор. Во овој момент не исклучуваме ниту сарин, изјави Матис,

Според американски извори, нема докази дека сириската противвоздушна одбрана нападнала западни воени авиони и бродови.

Поврзани

Најнови вести

Коментари