Најпознатиот адвокат на хомосексуалците се самоуби со самозапалување

Американскиот адвокат Дејвид Бакел, кој стекна слава како активист за заштита на хомосексуалните права, изврши самоубиство со самозапалување во парк во Њујорк.

Тој го стори тоа за да протестира против загадувањето, објавија американските медиуми.

Осврнувајќи се на полициски извори, "Њујорк тајмс" објави дека Бакел се самоубил во паркот во Њујорк, во Бруклин и додава дека адвокатот пред да се самозапали, испратил проштални емаилови до неколку американски медиумски адреси пред самоубиството.

"Загадувањето ја уништува нашата планета и се шири на воздухот, почвата и водата", напишал Бакел, додавајќи дека луѓето вдишуваат воздух загаден со фосилни горива и наскоро ќе умрат.

Бакел додава дека неговата прерана смрт сведочи за тоа што се случува со човечката раса.

Адвокатот (60) стана познат по одбраната на клиенти чии хомосексуални права беа компромитирани. Бакел беше еден од лидерите во легализацијата на хомосексуалните бракови во САД.

Поврзани

Најнови вести

Коментари