Русија вели дека и тие имаат свои црвени линии

Москва: Односите со западот се во длабока провалија

Русија има свои „црвени линии“ во врска со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Сирија, рече рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, додавајќи дека Москва критички ќе го проучува нацртот на САД, Велика Британија и Франција.

САД, Велика Британија и Франција подготвија сопствена резолуција откако рускиот предлог беше отфрлен од Советот за безбедност за време на вонредната седница во саботата.

Трите западни земји побараа од ОН да ги поддржат нападите во Сирија и ги повикаа другите земји да се обединат зад поддршката.

Ќе биде многу тешко земјите-членки на Советот за безбедност да најдат компромис за резолуцијата за Сирија, предупреди Рјабков. „Не сакам да нагаѓам како ќе продолжи работата, но мора да разберат дека и ние имаме очигледни 'црвени линии'. Веројатно и западната група има некои важни 'црвени линии'."

„Критички ќе го оцениме предлогот на западната тројка. Нема да одлучуваме ништо однапред - ако има разумни елементи таму, ние ќе работиме на нив", рече тој.

Заменик-министерот за надворешни работи додаде дека Москва ќе ги искористи сите можни средства за извлекување на односите со Западот од опасниот „политичка бездна". Каналите за комуникација меѓу Москва и Вашингтон сè уште се отворени, рече тој.

„Процесот на уништување (на сириското хемиско оружје во 2013-14 година) беше спроведен во тесна соработка на инволвираните земји, вклучувајќи ги и САД, и под строг меѓународен надзор", рече Рјабков. „Затоа, не ги разбирам бескрајните, примитивни и неосновани лажни приказни што се измислувани - понекогаш и од високи американски официјални претставници, дека Русија не ги исполнила своите обврски".

Поврзани

Најнови вести

Коментари