Цеца прозборе за Аркан: Имав големи проблеми, ова е вистината за мојот брак со Жељко!

 Кај мене не важи “она што не те убива, те прави посилен“

Светлана Цеца Ражнатовиќ отворено прозборе за својот брак со Жарко Ражнатовиќ Аркан и за тоа колку и недостасува.

Цеца имала само 22 години кога се омажила , а сега открива колку била храбра кога толку млада запливавал во брачните води.

"Бев мазена и пазена во бракот од страна на мојот сопруг и навистина живеев како принцеза. Кога зборувам за него едноставно со големо уживање зборувам за него и нашиот однос бидејќи навистина тоа беше љубов. Јас поради својот избор на љубов потоа имав многу големи проблеми, но мислам дека достојно го носам тоа име и тој терет, се е тоа живот", открива Цеца

"Во сите тие моменти ми се чинеше, дека нема да преживеам, нема да се изборам. Тоа се страшни ситуации, големи трауми кои на мене оставија последици. Кај мене не важи она што не те убива, те прави посилен", рекла Цеца.

Цеца и Аркан добиле две деца Вељко и Анастасија, која имала само година и половина кога Жељко е убиен, со што пеачката сама ги одгледала децата.

Ги чувам пред се да бидат добри луѓе, да почитуваат традиција, пријателствата да се негуваат, да препознаваат луѓе кои ги опкружуваат, дека ќе доживеат разочарување, дека ќе има луѓе кои ќе сакаат да се дружат со нив поради интерес... Никогаш неможете да знаете со какви намери ви приоѓаат луѓето.

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари