„Буѓав лебац" и "Лутка" се вистински приказни - еве како настануваат големите хитови на САРС!

„Буѓав лебац“ е вистинска приказна. Имав пари само да купам леб, ама не купив. Купив две пива и кога дојдов дома јадев мувлосан леб. И така ја напишав таа тажна песна“, открива Драган Ковачевиќ Жабац во интервју за српски NOIZZ. Жабац стои позади големите хитови на САРС од легенарниот „Буѓав лебац", преку мистериозната „Лутка“, па се до „Перспектива“. Тоа е човекот кој кога се формираше бендот го гледавме на бината како еден од пеачите, а денес е „човекот од сенка“. Тој е автор на текстовите.

Во интервјуто раскажува како настанале големите хитови. Вели дека сите песни од САРС се напишани врз основа на она што му се случувало во животот, од лично искуство. 

„Сите песни кои ги напишав се за мојот живот, за она што го чувствувам во одреден момент. Дали е тоа љубовна или некоја социјална сторија, тоа се случувања од секојдневниот живот.Кога пишувам песни инспирација добивам од сопственото опкружување и тоа се песни кои се поврзуват со некоја социјална или љубовна тема. Јас не знам да напишам песна која нема еден од тие два правци“

На прашањето за што се пее во мега популарната  „Лутка“, дали се пее за девојка или за дрoга вели:

„Зарем тоа е важно? Луѓето нека ја сфатат како сакаат. За многу текстови од САРС човек не мора да биде многу паметен за да сфати што сакам да кажам. Но некои песни се двосмислени за да може да се сфатат на повеќе начини.“

 

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари