Со победа, ЖРК Вардар ја заврши својата славна историја!

Ракометарките на Вардар на најдобар можен начин се збогуваа со публиката во „Јане Сандански", откако успеаја да го прегазат Митјиланд со високи 32-25. Ова воедно беше и последен натпревар на бројни ракометарки кои сезонава ги бранат вардаровите бои, а по последниот судиски свиреж беше многу емотивно, како на теренот, така и на трибините...

На првиот меч во Данска вардарки победија со 24-23, а ова 13. триумф сезонава во лигата на шампионите. За ракометарките на европскиот првак ова ќе биде петто учество по ред на завршниот Ф4 турнир што досега никому не му успеало. Во вторник е ждрепката за полуфиналните двојки а Ф4 турнирот се игра на почетокот на мај.

Вардар покажа дека во Данска имаше само лош ден во кој ни требаше долго време за да ја преземеме иницијативата и да направиме пресврт што ќе ни донесе триумф и помирен реванш. Сега во Скопје ништо не беше прпеуштено на случајот. Од самиот почеток го презедовме водството и кога поведовме со 8-5 гостинскиот тренер побара тајм аут и не сакаше да им дозволи на домаќините резултатски да се одлепат. И така беше само уште некоја минута. Потоа следуваше серија за водство од „плус 4″, 12-8 и уште една серија од 5-1 за „бегство" на 16-9. Тоа беше знак дека веќе сѐ е решено.

Кај гостинките само Вероника Кристијансен успеваше да најде начин да се протурка низ одбраната, да најде пукнатина и да упати удар што ќе заврши во межата на Лејно или Суслина. Таа во првото полувреме постигна 2/3 од головите на Митјиланд, вкупно 8 од 12-те на тимот.

 

Во завршницата со две загубени топки и мало опуштање и промена на дел од ракометарките на теренот противникот намали на 17-12, но играта на нашите ракометарки беше на шампионско ниво и со право сите очекуваа во второто полувреме да продолжиме со исто темпо и добра реализација.

Поврзани

Најнови вести

Коментари