Ливерпул со лесни три против Борнмут

Салах пред сите, и преку границите

Салах уште сега влезе во осумте најдобри голгетери во една сезона во Премиер лигата, а Ливерпул има уште четири натпревари до крајот

„Црвените" без многу проблеми пред своите фанови со 3-0 триумфираа над Борнмут за нови три бода со кој се се поблиску до обезбедуање на топ четири пласман и настап во Лигата на шампионите.

Резултатот беше отворен по само седум минути игра, Беговиќ еднаш го одбрани ударот на Мане, но не можеше да стори ништо откако Сенегалецот прв стигна до одбиената топка.

На 2-0 зголеми Мохамед Салах во 69. минута. Египјанецот одлично се снајде при една нафрлена топка, и со глава мајсториски го лобуваше Беговиќ. За Мо Салах ова беше 30. погодок во Премиерлигата оваа сезона со што испиша нов рекорд и го надмина легендарниот Дидие Дрогба, како прв играч од Африка кој стигнал до оваа бројка.

Точка на натпреварот стави Роберто Фирмино во последните мигови од мечот. Бразилецот биеше по земја на поблиската статива и не му остави многу простор на Беговиќ за интервеница.

Поврзани

Најнови вести

Коментари