Заев: Македонија заслужува кристално чиста препорака

Македонија навистина заслужува кристално чиста препорака и верувам дека ќе ја добиеме, изјави премиерот Зоран Заев во врска со извештајот на Европската комисија, кој ќе биде објавен утре.

„Важен ни е вордингот или зборовите во таа препорака, заради тоа што тоа е за нас или охрабрување или обесхрабрување, но не само за нас, важно е за граѓаните. Важно е за сите вклучени во реформските процеси. По оваа препорака, Македонија продолжува со реформите“, рече Заев.

И навистина, додаде тој, ако биде потврдено тоа што е сработено и добиеме кристално чиста препорака, тоа ќе биде дополнителна мотивација да продолжиме понатаму со реформите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари