(Видео) Следното рочиште за „Поткуп“ закажано за 30 април

Премиерот Зоран Заев денеска во кривичниот суд, на рочиште затворено за јавност, ги слушаше телефонските разговори обезбедени со посебни истражни мерки во случајот „Поткуп“. Следното рочиште е закажано за 30 април.

„Денеска заврши уште едно судско рочиште за предметот таканаречен ‘Поткуп’, денеска успеавме да ги ислушаме сите разговори коишто се поврзани со предметот, имаше и читање на СМС пораките, така што таа фаза денеска завршува, следното рочиште е закажано на 30.04.2018 кадешто ќе продолжиме со следните чекори во постапката“, рече Заев.

Тој додаде дека сè уште нема одлука од Апелациониот суд дали целосната снимка ќе биде објавена во јавност.

„Не знам како е постапката, сè уште нема одлука, за таа фаза чекаме одлука од Апелација, штом ќе дознаеме каква е одлуката од Апелација по жалбата на Јавното обвинителство, веднаш ќе соопштиме на медиумите, дали ќе се презентираат и кога ќе се презентираат снимките“, рече Заев.

Тој повторно ги отфрли обвинувањата дека сел поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов.

„Прецизно во сите постапки, во сите телефонски разговори во текот на сите овие години ги ислушавме сите детали во разговорите, зборувајќи со господинот Иво Николов, зборувајќи со службениците во Општината, и се работи само за завршување на предметите, доказ е и тоа дека одредени предмети се веќе завршени, во тој и овој период никој не побарал ниту пари, ниту било што, и тоа само по себе потврдува дека се работи само за монтиран процес“, рече Заев.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари