Прогресивниот данок - симбол на немоќ на оваа влада

Дебатата за промена на даночниот модел дефинитивно ќе земе замав, но не со толкав интензитет во овој период, туку кога ќе се завршат пред се политичките и правните реформи, како и подобрувањето на стандардите во јавната администрација. Во принцип тие се чекорите кои ќе ги води владата на Заев, па така крупниот „залак" за промени на даночниот систем ќе ги остави за имплементација од наредната 2019 година, со тоа што при крајот на тековната година ќе се знаат многу повеќе детали, ќе се развие поширока дискусија и тогаш ќе се разгледаат повеќе видови на решенија.

Секако, јасна е определбата на оваа левичарска влада како што сака да ја дефинира премиерот Заев, дека тие што имаат повисоки примања и приходи можат и ќе треба да издвојат поголема сума за данок кон државата за креирање на буџетот и покривање на заедничките потреби.

Дел од парите што ќе се собираат во буџетот по овој основ ќе одат за повисока социјална помош која ќе стигне до 11.550 денари и воведување на социјална пензија.

„Имаме во државата повеќе од 15.000 татковци и дедовци кои имаат 65 години, а немаат 15 години страж и немаат пензијата и не може државата да не се запраша од што живеат тие луѓе. Може децата им се во странство и државата мора да води грижа за нив, а работеле 14 години, давале свој придонес или најголем дел се земјоделци кои плаќале ддв и сметки." - изјави Заев.

Премиерот тврди дека новата влада на СДСМ наследила многу тешка финансиска состојба, со бројни долгови оставени за нерационални делови од проектот Скопје 2014, голема задолженост на општините, дупки во фондовите, неквалитетно изработени проекти за клучната автопатна инфраструктура. Секако, Заев допрва ќе води битка за убедување на јавноста дека прогресивниот данок нема да предизвика даночна евазија и намалување на конкурентноста пред се кај успешниот дел од бизнис и претприемачкиот сектор.

Исто така многу влијание ќе има и инвестициската клима, која ако се подобри, ако придонесе за повисоки примања, поголем избор на работни места и придонес во зголемување на извозот, тогаш со постабилна економска состојба и јасен правец за раст на БДП, личниот доход и капиталните инвестиции, левичарската влада на Заев ќе може полесно да го заврши и демагошкиот дел околу дебатата дали е подобар прогресивниот даночен модел или досегашниот модел со рамен данок на приход од 10%.

Faktor

Поврзани

Најнови вести

Коментари