Престижниот државен ПЕТ центар се продава на Американци

При крај се преговорте за продажба на ПЕТ центарот во Скопје, дознава Весник. ком. Цената засега не е позната.

Како што дознава Весник.ком дилемата е во која форма ќе биде склучен договорот со Американците дали тоа ќе биде продажба или јавно приватно партнерство. Со тоа ПЕТ центарот преминува во приватни раце со цени на услуги кои се соодветни за приватниот сектор. 

Македонија е единствена земја од Истанбул до Виена со ваков најсовремен здравствен објект, ПЕТ Центар, каде што може да се открие дали пациентот има и само една малигна клетка. Се користи за рано откривање и на други тешки болести и се дава прецизна дијагноза. Во него се следи и дали е ефикасна терапијата која им се дава на болните од рак. Во ПЕТ Центарот се третираат и пациенти од хематологија, кардиологија, неврологија и деца со тешки заболувања.

ПЕТ центарот за откривање на рана фаза на малигни заболувања кај пациентите почна да работи на 26 мај минатата година.  Овој центар е единствен таков објект во регионот кој има сопствено производство на радиоизотопи.

Дел од медицинските лица кои  работат во овој центар беа на меѓународните обуки , а првите месеци со нив  работеа и експерти од странство.

ПЕТ Центарот е една од најголемите инвестиции во здравството. Инвестицијата за овој центар беше 16 милиони евра.

Поврзани

Најнови вести

Коментари