Се заљубил Македонецов на Фејсбук, па завршил со тужба на суд

Македонецов дефинитивно има тешка судбина. Прочитајте и се ќе ви стане јасно...

„Имам една приказна а сакам да сум анонимен... Се дописував со една девојка години на ФБ... Требаше да се видиме ама излагаа некои работи што секогаш ќе се скараме и додека се смириме си поминуваше време... Потоа ко демек дечко фати и така натаму... Ама искрено бевме на телефон дали зборење или смс/ммс буквално по цели денови...

Ја засакав девојката ако ја немав видено... буквално плачев за неа, патев, болен паднав и да не набројувам уште што ти не... После години дознав дека уствари профилот е лажен и не е она таа на сликите... А и дека не сум само јас жртва има и други на иста фора зезнати и прелажани... само знам гласот какои и е и ништо друго... но имам број и на постпејд што го користеше пред година и нешто и на припејд сега што го користи... кажете ми дали можам да ја дознаам девојката која е? Преку МВР или било каде... И дали ќе можам да поднесам кривична пријава против неа?? И дечки памет у глава не верувајте на никој да не завршите како мене..." завршува Македонецот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари