ПРОРОШТВОТО НА НОСТРАДАМУС СЕ ОСТВАРУВА: Трета светска војна почнува на Блискиот Исток

Познатиот пророк Нострадамус предвидел дека Третата светска војна ќе започне на Блискиот исток, што се поклопува со најактуалните настани. Имено, светските агенции под назнаката „итно“ најавија дека во наредните 72 часа ќе започне американскиот напад на Сирија, а Русија кажа дека во таа ситуација „жестоко ќе одговорат“.

По актуелните случувања во Сирија, светските медиуми се загрижени од опасноста за Трета светска војна од која можеби не делат неколку часа.

Многумина се повикуваат на познатиот пророк Нострадамус, кој предвидел дека најголемиот конфликт во историјата на човештвото ќе започне на Блискиот исток.

Книгата на Нострадамус „Пророштва“ е издадена во милион примероци и денес е најпозната книга за пророштва.

За познатиот француски пророк се смета дека предвидел многу светски настани, како што е големиот пожар во Лондон, падот на Наполеон и Хитлер па се до нападот на 11 септември 2001. 

Највпечатливи стихови во неговата книга „Пророштво“ се поврзани за Адолф Хитлер: 

„Кога ќе дојде од крајот на нејзините краишта (Австрија), германскиот шеф е на златниот престол, дама службеничка ќе го види својот крај (Вајмарска република), зошто не можела да ги надмине тешкотиите“

„Ќе дојде еден кој на заводлив начин ќе проба да го направи со испружена рака, она што не се можеше со стисок на раката... (Поздрав Хитлер)

Се смета дека Нострадамус го „видел“ и почетокот на Третата светска војна.

Поврзани

Најнови вести

Коментари