Ова се најскапите регистерски таблички во светот - СЕГА СЕ НА ПРОДАЖБА (ВИДЕО)

Сопственикот на британската компанија „Кан Дизајн", Афзал Кан, неодамна одлучил да ги продаде уникатните регистарски таблички и тоа за неверојатни 17 милиони евра.

Пред 10 години, Кан ги откупил табличките со ознака „Ф1" од окружниот Совет Есекс, кои биле во нивна сопственост цели 104 години, а за тоа задоволство издвоил 430.000 евра.

Се верува дека ова засега се најскапите регистарски таблички на светот, а Кан направил и повеќе од добар деловен потег кога ги купил. Иако тогаш бил предмет на потсмев бидејќи дал премногу пари за нешто толку банално, се чини дека тоа и сепак не било толку лоша одлука.

Некои медиуми наведуваат дека Кан пред четири години одбил понуда од речиси 7 милиони евра, но затоа сега ги продава табличките за неверојатни 14 милиони евра. Кога на таа сума ќе се додадат и сите даноци, конечната цена се очекува да достигне речиси 17 милиони евра.

Регистарските таблички се наводно најбарани во светот, а тоа е токму поради нивната ознака Ф1 односно Формула 1.

Поврзани

Најнови вести

Коментари