Весник анализа

За 20 години муслиманите ќе бидат најбројни во Македонија

Муслиманите ќе бидат мнозинско население во Македонија во наредниве 20-тина години. Ова се вели во истражувањето на американскиот истражувачки центар "Пју" кое дава подолг период за овој процес, и го најавува најдоцна во наредните 30 години во истражувањето - "Иднината на светските религии – проекции за растот на популацијата 2010-2050 година". Според истражувањето, Македонија влегува во групата земји кои ќе имаат различно мнозинство во 2050 година, во однос на 2010 година. Во Македонија во 2050-година христијаните ќе бидат под 50 отсто од вкупниот број граѓани, а бројот на муслимани ќе расте и ќе биде над 50 отсто.

- "Неколку држави се предвидува дека ќе имаат различно религиско мнозинство во 2050 година, во однос на 2010 година. Бројот на земји со христијанско мнозинство се предвидува дека ќе се намали од 159 на 151. Христијаните, се очекува да бидат под 50% од населението во Австралија, Бенин, Босна и Херцеговина, Франција, во Холандија, Нов Зеланд, Република Македонија и во Обединетото Кралство. Муслиманите во 2050 година се очекува да бидат над 50 отсто од популацијата во 51 земја, меѓу кои и Македонија и Нигерија", се вели во истражувањето на центарот "Пју".

Во истражувањето на вашингтонскиот центар, Македонија се споменува и како една од земјите со најниска стапка на наталитет кај христијанскиот дел од населението.
- "Земјите во кои христијаните ќе имаат највисока стапка на наталитет во периодот од 2010 до 2015 година се Замбија, со просек од 6,3 деца по жена, и Чад, со 6,2 деца по жена. Христијаните имаат најниска стапка на наталитет во Португалија – 1,3 деца по жена, Јужна Кореја (1,3), Сингапур (1,1), Република Македонија (1,1) и Босна и Херцеговина (1,1).

Според истражувањето, религиозната ориентација во светот рапидно се менува, примарно водена од разликите во стапките на плодност и големината на млади популации меѓу главните религии во светот, како и поради менување на вери. Во текот на следните четири децении, христијаните ќе останат најголемата верска група, но исламот ќе расте побрзо од која било друга голема вера.

- "Бројот на муслимани речиси ќе се изедначи со бројот на христијани во светот. Во 2010 година христијаните беа најбројна религија, со 2,2 билиона верници или 31 отсто од вкупната популација во светот.

Муслиманите беа втора, со 1,6 билиони верници или 23 отсто од вкупната популација. До 2050 година ќе се приближат муслиманите, кои ќе бидат 2,8 билиони или 30 отсто од населението, и христијаните – 2,9 милиони или 31 отсто", се вели во истражувањето на "Пју".

Во текот на истиот период, кај муслиманите, релативно младата популација со висока стапка на плодност се предвидува да се зголеми за 73 насто. Бројот на христијаните, исто така, се предвидува да се зголеми, но побавно, со стапка од 35 насто.
Според истражувањето на глобално ниво, муслимани имаат највисока стапка на наталитет, во просек, од 3,1 дете по жена, што е над нивото од 2,1 потребен минимум за да се одржи стабилна популација.

Христијаните се втори со 2,7, хинду со 2,4 и Евреите со 2,3 деца по жена. Сите други групи имаат ниво на плодноста премногу ниски за да ги одржат нивните популации, и тоа народни религии 1,8 деца по жена, други религии 1,7, нерегистрирани 1,7 и будистите 1,6.

Меѓународната миграција е уште еден фактор кој ќе влијае врз предвидената големина на религиозни групи во различни земји и региони.
Во Европа бројот на муслимани се очекува да се зголеми од 5,9 отсто во 2010 година во 10,2 отсто во 2050 година поради миграцијата. Без миграцијата, муслиманскиот дел од населението во Европа се очекува да биде 8,4 отсто, што е речиси за два процента пониско.

- "Со оглед на брзиот проектиран пораст 2010-2050 во муслиманскиот дел од населението во светот, ќе бидат ли муслиманите на крајот побројни од христијаните? Ако главната модел проекција се прошири надвор од 2050 година, муслиманскиот дел од населението во светот би бил еднаков на христијаните до 2070. После тоа, бројот на муслиманите ќе го надмине бројот на христијани, до 2100 година, муслиманите за еден отсто ќе бидат побројни од христијаните, односно муслиманите ќе бидат 35 отсто од вкупната популација, а христијаните 34 отсто", се наведува во истражувањето.

А дали навистина се така лоши движењата со наталитетот и популацијата меѓу Македонците и другите христијани во Македонија? Или, состобата е уште и полоша.

По период на мал наталитет со измени во законите за стимулирање на наталитетот во период од 2011-2014 во Македонија се бележеше колку толку позитивен прираст на населението и се уште не сме во оние држави кои со години имаат тренд на изумирање. Но, Македонија е во позитива единствено поради се уште големиот процент на наталитет кај Албанците, Турците и Ромите. Македонците, Србите и Власите, сепак, ги има се помалку.

Таа тенденција на изумирање на христијаните опишана во американското истражување уште повеќе е видна во нашиот регион. Еве ги фактите и бројките:

Македонија: Во 2012 во Македонија биле родени 11.995 лица етнички Македонци, а истата година умреле 14.823. Тоа е биланс од минус 2.828 лица. Истата 2012 во Македонија биле родени 8.035 лица етнички Албанци, а починале 3.416, што е плус од 4.619.

Албанија: Истата година во Албанија биле родени 35.380 лица, а починале 20.849. Тоа е позитивен прираст од +14.446 лица.

Косово: Држава која има изразит прираст на население, биле родени 27.743 лица, а починале 7.556, со што оваа економски неразвиена држава за една година има плус од 20.187 лица.

Србија: Северниот сосед го има истиот проблем. Во Србија биле родени 66.925 лица, а умреле 102.355. Негативниот демографски биланс на Србија за една година е -35.430 помалку жители.

Кај Србија има еден интересен статистички податок, кон кој се движи и Македонија. Од февруари 2013 година во Србија се исплаќаат повеќе пензии отколку плати. Да! 1.680.000 лица примиле пензија во тој месец, а 1.630.000 Срби плата. Со ваква демографија и тренд Србија е осудена на економски и социјален колапс ако не се зголеми наталитетот.

Бугарија: Оваа држава веќе трета деценија мака мачи со намалениот наталитет. Таму во 2012 биле родени 69.121 лице, а умреле 109.281. Само во 2013 Бугарија има минус од 40.160 граѓани. Статистиката покажува дека овие бројки не важат за тамошните етнички Турци и Роми, кои бележат константно зголемен наталитет.

Турција: Турција е специфичен пример од овој дел на Европа. Таму дневниот прираст на наталитетот е во плус од околу 2.500 лица - секој ден!. Во 2012 биле родени 1.279.864 лица, а умреле 374.855. Годишно овие бројки даваат позитивна разлика од рекордни 905.009 нови граѓани на Турциа која станува поголема за близу еден милион жители секоја година.

Грција: Во Грција тешко се доаѓа до бројка по етникуми, но достапните податоци велат дека во 2012-та, Грција ја завршила со минус од 4.000 лица.

Ако се погледне во нашиот регион, доминацијата на наталитетот и популацијата на муслиманите на Балканот е повеќе од двојно поголема од тенденциите во светот. Најголемата балканска држава, Турција, веќе од 2017-та има над 70 милиони жители од кои близу 90% се муслимани. Во Бугарија со околу 7,5 милиони жители живеат околу 1 милион Турци и над половина милион други муслимани, меѓу кои и Ромите, што е близу 20% од населението кое освен што има низок наталитет интензивно се сели во развиените делови на Европа откако Бугарија стана дел од ЕУ. Косово и Албанија се етнички најчисти таритории во Европа каде мислиманите се помеѓу 80% (Албанија) и 93% (Косово) од населението. Во Србија со околу 7,2 милиони жители нема толку муслимани (само околу 5%) како во Бугарија, откако Косово се одвои од српската држава, ни има по 60.000 помалку православни Срби секоја година.

Дали промените, исчезнувањето на христијаните пред муслиманите на Балканот ќе се случат побрзо од најавените светски трендови. Секако. Во скопскиот регион (градот Скопје плус Арачиново, Кондово, Петровец, Илинден и Сарај) во 2017 година од новородените деца 46,5% се Македонци а 39% од новородените бебиња се Албанци.  Ако на ова се додадат и бебињата од мислиманските семејства на Ромите, Турците и Бошњаците - Македонија за најмногу една генерација, значи за 20-тина години, ќе биде доминантно муслиманска држава и веќе го живее она што американските истражувања од почетокот на оваа анализа го најавуваат во Европа за 2030-2050 година.

Vesnik.com

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари