Весник тема

Путин, од А до Ш

На 18 март 2018 Владимир Путин победи на претседателските избори во Русија, освојувајќи над 76% од гласовите, со што по четврти пат го доби рускиот шестгодишен претседателски мандат. Победата беше очекувана, а малкумина воопшто забележале, а уште помалку запаметиле, кој беше негов противкандидат. За да остане запишано, втор по резултатите беше кандидатот Павел Грудинин со помалку од 12% освоени гласови, трет вечниот кандидат Владимир Жириновски и на крајот, како четврто пласирана ТВ водителката Ксенија Собчак со околу 2% од гласовите.

На овие избори Владимир Путин освои над 50 милиони, или најмногу гласови од било кои претседателки избои претходно. За постетување, во 2000-та на тогашните претседателски избори освои 52,9%, во 2004-та 71,31% или 49,6 милиони гласови, а на минатите избори во 2012 Путин освои 63,6% од гчласовите.

Во време на санкции проив Русија од страна на САД и Европската унија, и време на најсилна антируска пропаганда во последните 20 години, Владимир Путин дои најмногу гласови од неговите Руси што, и само по себе, говори за ефектите на санкциите и притисоците. Но, она што е главна причина за толкавиот број гласови се еконоските и социјални резултати, стабилноста и намалување на оштиот криминалитет во земјата што е лесно мерливо и видливо во последите 10 години.

Причините и последиците на неговото владеење, меѓсебното влијание на гостарешката, надворешна и внатрешна политика ќе ја оставиме за друга прилика. Овде ќе го опишеме патот на младиот Путин, од почетокот до времето на неговата власт.

Владимир Владимирович Путин, е роден на 7 Октомври 1952, во тогашен Ленинград како најмлад син на брачниот пар Владимир Спиридонович Путин и Марија Ивановна. Презимето Путин е исклучително ретко во Рсуија, постојат само неколку корени од кои едниот, кој најверојатно е и основа на неговото презиме, е од аритократско семејство Путинијан од рускиот град Твер.

Иако од завршувањето на војната поминале седум години, воените лузни нанесени биле се уште видливи во оскудните и примитивните животни услови. Сталиновата мегагаломанија во пост-воениот период се претворила во параноја во која граѓаните на Советскиот сојуз (СССР) биле во постојан страв од репресивната власт. Во таква мачна атмосфера, страв и анксиозност започнал и животот идниот претседател на Руската Федерација, и можеби најмоќниот политичар во новата руска историја по падот и убиството на царот Николај Втори. Сталин владеел долго, но факт е дека Сталин никогаш не победил на избори.

Брачниот пар Путин пред Владимир имале и два сина, Алберт и Виктор, родени во 1930-тите години. Алберт починал во своето рано детство, додека Виктор го загубил својот живот во времето на германската окупација. Неговата мајка Марија била работничка во фабрика, а таткото Владимир регрут во советската морнарица на која и служел во триесетите години. На почетокот на војната таткото Владимир служел во одделот за уништување, во склоп на тајната советска полиција НКДВ, а подоцна бил префрлен во регуларните трупи каде што во 1942 година бил ранет во битка. Бабата на Путин била убиена од Германците во Твер 1941, а неговите вујковци исчезнале без трага додека биле на бојното поле. Војната отавила длабок печат на трауми и уништување во семејеството на денешниот руски претседател.

Таткото на Путин бил крут и повлечен човек, по војната, продолжил да работи во фабриката Јегоров која градела патнички вагони за државната железница. Како член на Комунистичката партија, таткото Владимир станал партиски претставник на фабриката. Од имот стекнал една соба со големина од педесет и четири метри квадратни, во еден разрушен апартман на петтиот спрат во објект кој во деветнаесетиот век функционирал како зграда на улица Басков 12, близу Ленинградската централна авенија. Семејството Путин таму се вселило во 1944. Просторот го делеле со уште две семејства, и во истиот останале да живеат уште две децении.

Марија го родила Владимир на 31 година. По толку патење и загуби на другите синови, таа го доживеала раѓањето на својот трет син како вистинско чудо. Работела се, од чистење по згради до испорачување на леб. Малиот Владимир, единственото дете во комунален стан, голем дел од времето го поминувал со луѓето со кои семејството ја делело својата голема соба. Жената која ја гледал како своја баба, Ања, исто како и неговата мајка била многу религиозна, иако во тоа време Руската православна црква била речиси под забарана, како што било забрането славење и обележување големи православни празници. Сепак, на 21 Ноември, кога Владимир бил на возраст од само 7 недели, бабата Ања и неговата мајка Марија го однеле во црква каде што тајно го крстиле. 

Малиот Владимир Путин бил забележливо немирно дете и аватурист. Дворот околу нивната зграда бил привлечно место за пијаници, насилници и луѓе кои буквално не знаеле што со себе. Познаниците на Владимир велат дека таквиот начин на живот го направиле груб, но и способен да се снаоѓа и да се одбрани себеси.

Во училиште бил мрзоволен и често знаел да избувне од нервоза, веројатно и малку размазен. Тој секогаш бил главен предизвикувач на проблеми во училницата. Бил фатен како носи нож во улилиште и повеќе пати добивал укор поради испадите кои ги правел. Од тие причини Владимир добил и предупредување дека доколку продолжи со такво однесување ќе биде испратен во поправен дом. Тоа однесување на почетокот од шолувањето го одалечило од сојузот на пионирите, па до трето одделение тој бил еден од ретките ученици кои не се придружиле на подмладокот комунистичката организација, пионерите, поради што неговиот татко се чувствувал многу разочаран. Од друга страна младиот Путин своето незадоволство го изразил преку бунт против својот татко, а и целиот систем околу себе. Од таа причина неговите родители решиле да започне да тренира бокс како спорт кој ќе ја празни неговата енергија, меѓутоа Владимир за кратко време се откажал од боксот и започнал да тренира боречки вештини, а неговиот тренер морал да ги убедува родителите дека таму не ги учат на ништо лошо, напротив.

Работите во и околу младиот Путин почнале да се менуваат. Се дистанцира од маалските тепачки и инциденти кон кои чувствувал отворен презир, како и према алкохолот, мрзеливоста и нередот. Боречките вештини биле се што сакал и во што се пронаоѓал себеси. Станале и добар ученик по што е примен во пионири на една церемонија во селото Уљановки. Во тоа село некогаш живеела сестрата на Ленин. До осмо одделение тој бил еден од првите деца кои влегле во младинската комунистичка организација. Се чини дека оттука, од тие адолесцентски години, денешниот Владимир В. Путин го открива патот кој чекал на него

Во 1965 во СССР имало свечено одбележување на 20-годишнина од победата над нациситичка Германија. Еден од најпопуларните романи во тоа време бил „Штит и меч" од Вадим Кожевников, воен дописник на московска Правда. Романот говорел за советскиот таен агент Александар Белов кој престојувал во нацистилка Германија, и се преправал дека е германски известувач. Три години по издавањето на овој роман, ова сценарио е преточено во долгометражен филм кој траел повеќе од пет часа. Тој бил најпопуларниот филм во Советскиот Сојуз во 1968 снимен во чест на КГБ. Филмот е резултат и на напорите за афирмација на тајната полиција КГБ кои ги вложувал новиот раководител на КГБ Јуриј Андропов, да го промени неговиот имиџот на страшна и репресивна  тајна полиција одговорна за терор во заштита на советскиот поредок.

Путин бил толку восхитен од овој филм што, според него, уште на 16 годинашна возраст решил да стане советски шпион. Така тој самоиницијаивно влегол во средиштето на КГБ во Ленинград и аплицирал за влез во КГБ и се распрашувал кој факултет најмногу му одговара земајќи ја предвид неговата амбиција. Му советуваат дека правниот факултет е најсоодветен за него, што Путин го прифаќа и решава сериозно да се посвети на својата идна кариера.

Му била блиска и привлечна западната култура, во тоа време ги слушал Битлси, во еден период свирел и гитара која ја добил на подарок од војот татко. Неговото семејство не било од редовите на советската елита и немал многу можности да патува и има блиски контакти со западната култура, но сепак живееле малку подобро од другите. Родителите на Путин во својот стан имале и голем црн телефон што во тоа време било привилегија и реткост.

Владимир го изучувал и германскиот јазик уште од четврто одделение. Таквиот аскетски живот, посветен на спорт и училишните обрски во подоцнежниот перод вродил со успех. Во последните години од средното образование се посветил на пријавните испити со цел да добие место на ленинградскиот универзитет, еден од најпрестижните во СССР. Шансите да го примат на тој универзитет биле мали, но есента 1970 тој успеал да се запише, токму онака како што му сугерирал раководителот на КГБ две години претходно.

И како студент посветувал многу време на натпреварите по џудо, апстинирајќи од алкохол и цигари со цел да остане во добра физичка форма. Одбил да се придружи на универзитетскиот џудо клуб и останал верен на својот тренер во клубот Труд. Станал џудо-мајстор во 1973 и се натпреварувал на неколку регионални натпревари. Сега, како студент и спортист, често патувал. Во 1972 неговата мајка Марија добила автомобил на лотарија. Во тој период можела да го продаде за 3500 рубљи, но решила да му го подари на синот Владимир во време кога ретко и кој од возрасните поседувал свој автомобил.

По четири години на студии на правниот факултет, му приоѓа дотогаш непознат човек за кој подоцна се дознава дека е член на КГБ. Човекот никогаш не се претставил кој е и од каде доаѓа. Тие разговарале преку телефон и подоцна се сретнувале во просториите на факултетот. Путин минувал низ различни проверки и испрашувања. Последнит чекор бил разговор со неговиот татко, во јануари 1975. Средовечниот управител, Димитриј Ганцеров разговарал и со таткото на малдиот Путин кој се изјаснил дека Владимир им е најважен нему и на неговата жена, бидејќи тој е единственото нешто што го имаат по загубата на двата постари сина, но дека КГБ е голем предизвик за него и дека ќе добие поддршка од дома доколку тој самиот се одлучи да ја прифати понудата.

На правниот факултет го запознал и Анатолиј Собчак, кој во тоа време бил доцент, човек со кого Владимир Путин ќе биде поврзн во најголем дел на својата подоцнежна кариера.

Путин ја прифаќа можноста, и од 1975 по дипломирањето станува член на КГБ, каде по завршената обука добива статус и задача во контраразузнавањето, а потоа и агент за следење на странски државјани и дипломати на територијата на Ленинград, Од 1985 до 1990 година Владимир Путин е агент на КГБ во Источна Германија, каде престојува и соработува со тамошната комунистичка тајна полиција Штази. По падот на Берлинскиот ѕид, и обдинувањето на двете Германии, во 1990 година се враќа во Ленинград. Во мај 1990 Путин е назначен за советник на тогашниот градоначалник на Ленингард, негов пријател и професор од правниот факултет Анатолиј Собчак. Тоа е негов прв влез во политиката, и искуство од прва рака.

Бил задолжен за секторот економска соработка со странство. Во тоа време бил обвинет дека дозволил извоз на руски метали за 93 милиони долари во замена за храна која нкикогаш не стасала во Русија но, и покрај обвиненијтата одвнатре но и од Европската комисија тој останал на својата функција се до 1996 година кога се сели во Москва. Таму влегова во тимот на претседателскиот кабинет на Борис Елцин кој, во 1998 година го именува Владимир Путин за шеф на новата руска тајна полиција ФСБ. Во 1999 година претседателот на Русија Борис Елцин го менува премиерот Степашин, и на негово место го поставува Владимир Путин, со изјава дека во него гледа свој наследник.

Путин имал силна опозиција како премеир на кој му предвидувале куса кариера. Против него тогаш биле исклучително политички силните: Јуриј Лушков, градоначалник на Москва и Сергеј Примаков, поранешен премиер на Русија. Но, кога Елцин на 31. декември 1999 година поднел оставка на претсдетаелската функција по службена должност неговото место го заземал премиерот Владимир Путин која, патем, за да осигура поддршка од силниот клан на Борис Елцин потпишал и указ со кој се забранува било каков законски прогон на Борис Елцин и неговото семејство.

Опозицијата и неговите противници не го очекувале неговиот следен чекор, а тоа биле брзо распишаните претседетелски избори веќе во март 2000-та година на кои Владимир Путин победил освојувајќи 53% од гласовите.

Не чекајќи многу, откако го амнестирал Елцин и неговото семејство од сите незаконитости, започнал чиста на наеговите олигарси предводени од Борис Березовски, а неколку години подоцна и Михаил Ходорковски од Јукос. Извршил промена на регионалната и државна организација во државата, вовел нова химна, и налог олигарсите да ги вратат парите незаконски заработени од грабежот на руската нафта и рудни богатства. Кој послушал, станал негов соработник, кој одбил бил протеран од Русија или елиминиран. Формирал тим на први соработници во кои влегуваат Сергеј Иванов, Димитар Медведев, Сергеј Шојгу, Вјечислав Володин, Сергеј Лавров... со кои соработува повеќе од 15 години во атмосфера на целосна меѓусебна доверба и поддршка. Путин е познат како човек кој ретко ги менува своите најблиски соработници.

Се понатаму е повеќе, или помалку, познато. 

Vesnik.com

Поврзани

Најнови вести

Коментари