Мило е фаворит: Црна Гора избира Претседател на Републиката

По трет пат од стекнувањето на независност, граѓаните на Црна Гора денеска ќе гласаат за избор на претседател.

Тие ќе треба да се одлучат за еден од седумте кандидати меѓу кои за прв пат е и една жена, кандидатката Драгиња Вукасиновиќ од опозициската СДП.

Повторно е кандидиран и Мило Ѓукановиќ.

Според податоците на ДИК, до 12 часа излегле 25,98 проценти или гласаа 138. 391 граѓани, изјави членот на Државната изборна комисија, Мерсудин Даутовиќ.

Во меѓувреме, откриена е измамата на Ранко Кривокапиќ и неговата кандидатка за претседател Драгиња Вуксановиќ, кој, според весникот Дневни новини, се обиделе да ги доведат во заблуда црногорските граѓани, лажно преставувајќи дека биле поддржани од Германската социјалдемократска партија и самиот врв на СПД, а всушност добиле писмо од еден компромитиран член на партијата Дитмар Нитан - кој е познат на европската јавност како политичар чија поддршка може да се плати, а цената е 7.000 евра, како што објавија германските медиуми, преку аферата "ресетирање на социјалистите" а неговите услуги, пред Кривокапиќ и Вуксановиќ, ги користеле и членови на Демократскиот фронт.

Поврзани

Најнови вести

Коментари