Ѓукановиќ прогласи победа на изборите во Црна Гора: Непобедливи сме!

Кандидатот на Демократската социјалистичка партија, Мило Ѓукановиќ, прогласи победа на претседателските избори во Црна Гора.

Тој наведе дека изборниот резултат е потврда за решителноста на Црна Гора да продолжи по патот на европски квалитет на живот и членство во Европската Унија.

Во победничкиот говор, Ѓукановиќ вети дека нема да ги изневери очекувањата на граѓаните.

„Ова е прилика да им заблагодарам на граѓаните кои дадоа подддршка за мојата кандидатура. Го почитувам ентузијазмот на оние кои ја поддржуваат оваа политика“, истакна Ѓукановиќ.

Тој им заблагодари и на коалиционите партнери, кои, како што рече, покажале приврзаност кон неговата партија, со тоа упатувајќи порака дека се непобедлива коалиција.

Според 100 проценти обработените податоци, Ѓукановиќ има 53,8 проценти поддршка од граѓаните, а неговиот противкандидат Младен Бојаниќ заврши со 33,5 проценти од гласовите.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари